Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец учествуваше на Меѓународен гастро фестивал во Ниш и го освои високото второ место !!!

2,213

Нашиот сограѓанин Глигор Мишев учествуваше на 13-тиот по ред гастро фестивал во Ниш, со натпреварувачки карактер.

Во конкуренција на голем број натпреварувачи и 30 екипи од Србија, Грватска, Словенија и Македонија, го освои високото второ место и сребрениот медал.

Комитска манџа со јагнешко месо ги плени срцата и стомакот на претставниците на жири комисијата и го искачи високо на пиедесталот.

Радио Кочани им посакува голем успех на идните наши натпреварувачи, со желба еден од наредните гастро фестивали да се одржи токму овде во Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio