Радио Кочани
Кочани

Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна обука за гасење шумски пожари во Словенија

224
Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна специјализирана обука за гасење шумски пожари, што се одржа во Центарот за обука во Сежана, Словенија.
Активноста беше овозможена од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.

Учесниците за Радио Кочани посочија:

Ова претставува значајна можност за нашите членови, преку која стекнавме нови знаења, практични вештини и разменивме искуства и современи методи за справување со шумски пожари. Наш приоритет и обврска во иднина ќе биде стекнатото знаење и искуство да го пренесеме на останатите колеги, со цел да изградиме целосно обучена и подготвена единица за справување со шумски пожари.
Инаку, в среда, 20 мај ќе го одбележат Денот на пожарникарите.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio