Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

95

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот.

Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг….

Билети може да се набават на билетарницата на Центарот за култура на 14.07.2026 година од 10 часот, по цена од 200 денари.

Доколку има поголем интерес кај публиката, јавноста дополнително ќе биде информирана за следна проекција на филмот, соопштуваат од „Бели мугри“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio