Радио Кочани
Кочани

Од денеска стартуваа уписите на првачињата

152

Денеска, 4 мај, понеделник, започнаа уписите на првачињата во основните училишта, процес што ќе трае до 30 месецов.

Родителите во овој период треба да ги запишат своите деца во училиштата според местото на живеење, при што е потребно да ја достават и целокупната потребна документација.

Според списокот на МВР,  учебната 2026/27 година на територијата на општина Кочани треба да бидат запишани околу 300 првачиња, но ова не е конечна бројка со оглед на трендот на иселување од државата.

Во пресрет на уписите, училиштата организираа отворени денови.

Идните првоодделенци имаа можност да ги посетат училиштата, да се запознаат со наставниците, училниците и со дел од активностите што ги очекуваат од септември.

Од образовните институции апелираат родителите да го почитуваат посочениот термин со цел да не се створаат поголеми гужви.

Инаку, според достапните информации минатата година беа запишани вкупно 370 првачиња.

Ова значи дека бројките секоја година варираат, во учебната 2022/23 основното образование го стратувале 310 ученика, наредната година 2023/24 – 259 првооделенци, 2024/25 – 300 ученици.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio