Радио Кочани
Кочани

Се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Зрновци

508

Во Општина Зрновци денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет. Советот ќе го сочинуваат вкупно девет советници – четворица од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и двајца од политичката партија МААК.

На седницата, за претседател на Советот беше избран Благој Бошков, претставник од МААК, кој доби поддршка од пет советници. Со изборот на претседателот, Советот на Општина Зрновци официјално започна со својот мандат.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio