Радио Кочани
Кочани

Амфенол вработува – Раководител на производство – TEL-AD

738

ОГЛАС

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лицe за работно место

 

Раководител на производство –  TEL-AD

Одговорности и задачи:

·         Организација и мониторинг на процесот на производство (high mix/low volume). Обезбедување на рентабилно производство

·         Осигурување дека производите се произведени на време и се со потребниот квалитет

·         Дневни/неделни/месечни извештаи за KPI  параметрите поврзани со производство (продуктивност,квалитет,шкарт,…)

·         Обезбедување и планирање на човечки и материјални ресурси за работа

·         Следење на производните процедури и упатства за работа, и обезбедување на контрола на квалитетот на производите.

·         Управување со залихи и трансфер на материјали

·         Работа со раководниот тим  за спроведување на политиките и целите на компанијата

·         Проценка и следење на трошоците

·         Надзор, мотивирање и евалуација на на вработените

·         HR – селекција и тренинг на нови вработени

·         Континуирано подобрување

Потребни квалификации:

  • Високo образование – Технички факултет (машинство, електротехника, индустриски инженеринг или сродни области).
  • Минимум 3 години искуство во раководење на производствени тимови, со акцент на индустријата за производство на кабли и кабинети или сродни индустрии (производство/автомобилска,…).
  • Напредно познавање на MS Office пакети (Word, Excel, PowerPoint).
  • Одлично познавање на англиски јазик (писмено и говорно) за комуникација со меѓународни партнери и снабдувачи.
  • Искуство во управување со производни процеси и примена на Lean методологии ќе се смета за предност.
  • Одлични комуникациски и лидерски способности, способност за стратегиско планирање и решавање на проблеми.
  • Способност за работа под притисок и управување со повеќе задачи истовремено. Високо ниво на флексибилност
  • Вештини за аналитичко размислување и донесување на одлуки врз основа на податоци.
  • Познавање на производствени софтвери и системи за управување (ERP, MES).

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.10.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Раководител на производство –  TEL-AD

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio