Радио Кочани
Кочани

Промотивна кампања за европски вредности

1,663

Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“ беше реализирана теренска промотивна кампања насочена кон подигнување на свеста за европските вредности и поттикнување на активно граѓанско учество.

Кампањата се спроведе преку дистрибуција на флаери, брошури и информативни материјали, подготвени на јасен и достапен начин. Содржините беа пред сè информативни, со објаснувања за значењето на европските вредности – еднаквост, инклузија, почитување на човековите права и мултиетничка соработка. Воедно, материјалите содржеа и повик до граѓаните да се приклучат во проектните активности, да учествуваат во настаните и да бидат дел од процесот на европска интеграција.

Оваа теренска активност овозможи поблиска комуникација со семејствата и граѓаните на локално ниво, создавајќи простор за директна размена на мислења и за поттикнување на интерес за натамошно вклучување.

Со кампањата, проектот придонесе не само за зголемување на информираноста, туку и за зајакнување на ангажманот и чувството на припадност кон заедничките европски вредности. Иако посебно внимание беше посветено на ромската заедница, кампањата ја опфати и пошироката јавност, со акцент на различните етнички заедници, во духот на мултиетничка соработка и заедничка европска иднина.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio