Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Амфенол вработува – Процес инженер (поддршка на производни процеси)
Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место
Процес инженер (поддршка на производни процеси) – КЕ IE – Data Wiring
Одговорности и задачи:
- Поддршка на процесот на реализација на производство при воведување на нови процеси и машини на постојни или на нови производи. Водење сметка дека за тоа се обезбедени неопходниот тренинг и ресурси. Обука на вработените за извршување на операциите
- Анализа и планирање на акции за континуирано подобрување на квалитетот на процесот
- Изработка на технички документи, процедури, работни упатства и инструкции за процеси и операции
- Проверка и одобрување на оперативноста на опремата. Комуникација со производителот на опремата на начинот на работењето и одржувањето на истата. Унапредување на текот на материјалите помеѓу операциите и процесите. Намалување на времето на изработка.
- Ажурирање на работни упатства во согласност со измените добиени од купувачите
Потребни квалификации:
- Предност високо образование (технички науки)
- Работното искуство ке се смета за предност (посебно во производствена фирма)
- солидно познавање на работа со компјутери, MS Office, познавање на TOPWIN или друг софтвер за управување на КОМАКС машини, за извршување поправки на машини со употреба на рачен алат
- Комуникациски способности, способност за тимска работа
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.10.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Процес инженер – Data Wiring
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
