Радио Кочани
Кочани

Костадинов: Субвенции за младите и целосна модернизација по европски стандарди на двете основни училишта во Чешиново Облешево

428

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја претстави програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.

Јорданов истакна дека во програмата се предвидени мерки за поддршка на младите и семејствата, поддршка за пензионерите, најави целосна модернизација на двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево како и решавање на проблемот со водата за пиење.

„Уште во првата година од мојот мандат, грижата за нашите најмили – децата ја ставаме на прво место, субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Но, субвенција и за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете Основни Училишта од нашата општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Ќе понудиме решение и ќе побараме поддршка од Владата за решавање на проблемот со вода за пиење. До крајот на мојот мандат овој проблем едноставно мора да биде минато, немаме веќе време за импровизации и одложување“, кажа Јорданов.

Јорданов заклучи дека токму затоа е Време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio