Радио Кочани
Кочани

На 28 септември во виничкото село Градец – По втор пат „Лапа фест“

430

В недела, 28 септември, во виничкото село Градец ќе се одржи „Лапа фест“, фестивал на традицијата, културата, верата и љубовта. Фестивал кој има меѓународен карактер и чија цел, пред се, е да се промовира лапата, јадење од кршен ориз и афион, вековно обележје за населението од Кочанско – виничката котлина.

Според Јасенка Ѓорѓиевски, претседател на Здружението „Лапа фест“, нивна цел е промоција на старите и по малку заборавени јадење, кои некогаш биле секојдневие на трпезата на луѓето од овој крај.

Би сакале лапата да допре и до другите краеви на Македонија, зошто не, и да прерасне во национален бренд. 

Лапата, инаку, е специјалитет што се подготвува од кршен ориз, што овде се нарекува уфак, афионово семе или мак и вода. Некогаш ова традиционално јадење било почесто приготвувано од посиромашните семејства. Се подготвувало и за време на пости. Сега лапата е специјалитет кој најчесто може да се сретне  во кочанско и виничко.

Закажаниот за в недела фестивал – „Лапа фест“, е второ негово издание.

Програмата предвидува избор на најубаво зготвена лапа, настапи на културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Крушевац (Србија), Кочани, Виница и Македонска Каменица. Распишани се литературен и ликвен конкурс на тема традиционални јадење.

Во текот на фестивалот, професорот на медицинскиот факултет при УГД во Штип, Гордана Панова, ќе одржи предавање за значењето на афионот и зошто тој треба да се врати во секојдневната исхрана.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio