Радио Кочани
Кочани

Општина Чешиново-Облешево ги награди првенците на генерацијата за учебната 2024/2025 година

1,063

По повод Денот на Општина Чешиново-Облешево – празникот Мала Богородица, во општинските простории беа доделени признанија на најдобрите ученици од двете основни училишта на територијата на општината.

Првенци на генерацијата за учебната 2024/2025 година се:

  • Делфина Ѓоргиева, ученичка од ООУ „Страшо Пинџур“ – Соколарци

  • Стефан Коцев, ученик од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево

Признанијата им беа врачени од страна службени лица, кои во своето обраќање им честитаа за постигнатиот успех и ги охрабрија да продолжат по патот на знаењето и личниот развој.

Градоначалникот Далибор Ангелов нагласи дека поддршката на младите таленти останува приоритет за локалната самоуправа.

Оваа година, празникот беше одбележан на достоинствен и скромен начин, со посветеност на духовните и човечките вредности. Во знак на сеќавање на децата кои го загубија животот во трагедијата од март, беа пуштени 62 бели балони, како симбол на тивка почит кон нивните животи.

Општина Чешиново-Облешево им се заблагодарува на сите учесници во образовниот процес и на граѓаните, со желби за здравје, среќа и просперитет во секое семејство.

Инаку, минатата година по повод празникот беше организирана најголемата забва досега со популарната ѕвезда Исак Шабановиќ и македонските изведувачи Роберт и Панки, настанот го збогатија и играорците од ФА „Китка“ – Истибања.

Минатогодишниот  настанот беше во организација  на Локалната Самоуправа и градоначалникот Ангелов, при што беа упатени пофални зборови од  присустните голем број луѓе од целата држава.

Д. Николов

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio