Радио Кочани
Кочани

АПЕЛ: Да го довршиме храмот „Св. Петка“ – во Кочански Дол

1,116

Пред околу три децении започна изградбата на храмот посветен на Света Петка, лоциран во селото Кочански дол, а  во негова близина има извор со света вода, за кој многумина веруваат дека е благословен токму од светицата.

Иако темелите се осветени, низ годините изградбата се одвиваше бавно поради недостиг на финансии.

Денес, благодарение на иницијативата на здружението ГРИН.ОРГ, повторно се раздвижуваат активностите за уредување на светиот простор.

Во изминатите две недели обезбедени се: плочки за целосно поплочување, фасаден материјал, камен за надворешна обработка, икона за целивање, светилки, косилки и други потребни алатки. В

Веќе има и доброволци – мајстори за поставување на плочките.

Она што останува како последен и најзначаен чекор – е изработката на олтарот, кој треба да биде резбан во дрво и ќе зафаќа 14 м². Проценетата вредност за неговата изработка е околу 17.000 евра.

Упатуваме искрен апел до сите хумани граѓани, верници – христијани и муслимани, фирми, иселеници и поддржувачи на духовните вредности: да помогнеме за да се доврши ова свето дело.

Храмот, по завршувањето, ќе биде место за молитва, духовни собири, литургии…

Секоја донација, без разлика на износот, е чекор поблиску до светлината на вербата.

Сите што се во можност да донираат може да го сторат тоа на сметката на grin.org

Или онлајн на линкот подолу:

https://whydonate.com/fundraising/ureduvae-na-khram-svpetka-kochani?fbclid=IwY2xjawMxJtlleHRuA2FlbQIxMQABHg7MlZybLjx8nq6LHLmxAsakSvNFpGlHgyQjrBJDogD5BUqIkCYfSEBwZcaA_aem_rD7PvVfLiFHlNiB7201OiA

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio