Радио Кочани
Кочани

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Од денес со ознака за квалитет на eTwinning училиште

269
Денес на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани му беше доделена Ознаката за квалитет за eTwinning училиште, пишува КиМ Ко Инфо.
„Ова признание ја потврдува нашата посветеност на современи, иновативни и колаборативни наставни практики, кои ги поврзуваат учениците и наставниците со европски партнери.
eTwinning придонесува за развој на дигитални вештини, креативност, размена на идеи и меѓукултурна соработка. Ќе продолжиме и понатаму активно да работиме и да се вклучуваме во нови проекти, со цел да им овозможиме на учениците уште повеќе можности за учење и развој, стои во прилогот изготвен од членовите на КиМ Ко Инфо.

фото:КиМ Ко Инфо

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio