Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Кочани – Поништено решението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици

1,084

Советот на Општина Кочани на 69. седницата што се одржа утринава во Мулти културниот центар гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година, донесена на 27 август.

Ова значи дека педесетината наставника на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа. Бројот на паралелките не се намалува.

Најпрвин, одлука на Советот на Општина Кочани, која денеска беше донесена со 16 гласа против и еден воздржан, треба да биде објавена во Службен гласник.

Претседателот на Советот на Општина Кочани,Лазо Митев, на седницата рече дека има информациа оти вчера до Јавното обвинителство е поднесена кривилна пријава за злоупотреба на службена должност и овластувања.

  • Како претседател стојам зад тоа целата оваа работа да се испита. Зошто се крие документот со кој МОН дава позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици. На 5 – ти овој месец тој документот е пратен до в.д. градоначалникот, потпишан од министерката за образование. Денеска сме 12 – ти, а документот сеуште го нема во Општината. Се сомневам дека некој го крие. Зошто, праша Митев.

В.д. градоначалникот ВенкоКрстевски не присуствуваше на седницата.

Претставник на општинската администрација од секторот образовани ги информираше советниците дека уште пред да настане овој проблем, Министерството за образование ги одобрило вработувањата на наставниците на кои на 31 – ви август не им беше продолжен работниот однос. Така што финансиски импликации за училишта поради продолжување на договорите за работа на педесетте наставника, нема да има.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio