Радио Кочани
Кочани

По седницата на Советот на Општина Кочани оддржана утринава, по барање на наставниците обезбедивме изјава и од в.д градоначалникот Венко Крстевски

3,357
Советот на Општина Кочани на седницата што се одржа утринава гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година.
Крстевски не присуствуваше на седницата.
Претседателот на Советот на Општината, Лазо Митев, рече дека до Обвинителството е доставен поднесок за поведување кривична постапка против в.д. градоначалникот, зошто има сомневање дека од МОН до Општината е пристигнато позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици, кое, наводно, се крие во општинската администраџија.
Одлуката на Советот беше донесена со 16 гласа против Решението на Крстевски.
Ова значи дека педесетте наставника на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа.
Нема намалување на бројот на паралелките.

 

По седницата на Советот на Општина Кочани оддржана утринава, по барање на наставниците обезбедивме изјва и од в.д градоначалникот Венко Крстевски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio