Радио Кочани
Кочани

Информативна редакција на Радио Кочани: Честит 8 Септември – Денот на независноста!

202

Честит 8 Септември – Денот на независноста!🇲🇰

Информативната редакција на Радио Кочани, на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

На овој значаен ден се потсетуваме на историскиот момент во 1991 година, кога македонскиот народ со волја и достоинство се определи за самостојна и суверена држава.

Тоа беше храбар чекор кон иднината, чекор што ни ја отвори вратата кон градење слободно, демократско и праведно општество.

Нека ни е честит празникот – да продолжиме со верба, посветеност и одговорност да ја градиме нашата татковина во духот на единството, слободата и напредокот.

Среќен 8 Септември!

Информативна редакција – Радио Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio