Радио Кочани
Кочани

Започнат увид по пожарот во „Макпрогрес – Винчини“ во Виница

464

 

Основното јавно обвинителство од Кочани денеска отвори увид во големиот пожар што ја зафати фабриката „Макпрогрес – Винчини“ во Виница.

Од институцијата најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредните денови, бидејќи во дел од магацините со суровини и готова продукција сè уште има тлеачки жаришта.

 

За превентивна заштита, во непосредна близина на плинската станица – која не е зафатена од огнот – поставени се противпожарни возила.

Според најавите, утре во увидот ќе се вклучи и стручно лице – електроинженер, а веќе се обезбедени и снимки од безбедносните камери, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

 

Во текот на увидот се направени и голем број фотографии што ја документираат состојбата во фабричките простории и опожарените магацини.

Материјалот ќе биде дел од доказната постапка и јасно ја отсликува сериозноста на настанот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio