Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Кочани, Советот на Општината, денеска одржа свечена седница на која беше доделена
Наградата за животно дело што годинава постхумно му припадна на Трајче Ѓеорѓиев, кој остави неизбришливи траги во театарскиот живот..
Признанието за Значајни остварувања за развојот на Општината, ја доби „Suport Кочани“, организација која беше формирана по трагдијата во дискотеката „Пулс“.
Образложени за одлуките за доделување на наградите даде претседателката на Општинскиот одбор Жаклина Филипова Свеќаровска.
На свечената седница обраќање имаше и вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски, кој даде отчет за сработените проекти во изминатиот период.
Претходно, делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на Слободата, како и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.
Во рамки на културно-забавната програма, настап имаа ученичката Ана Пејчева и професорите Лилјана Каракашева Панов и Зоран Христов од музичкото училиште „Ристо Јуруков“.
Целосната седницата ја емитувавме во живо.



