Радио Кочани
Кочани

ОУ „Св. Кирил и Методиј“: СЕ ОДРЖА ЗАВРШНИОТ ДИСЕМИНАЦИСКИ НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „СТЕМ СО ХОЛОГРАМИ“

257

ДЕНЕС СЕ ОДРЖА ЗАВРШНИОТ ДИСЕМИНАЦИСКИ НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „СТЕМ СО ХОЛОГРАМИ“, реализиран во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата на Европската Унија.

На настанот беа презентирани сите проектни активности и резултатите што произлегоа од нив, со што се одбележува завршната фаза на овој иновативен образовен проект.

Нашето училиште ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со гордост го претстави својот победнички тим „Thermal Forces“, под менторство на наставничката Бранка Тасевска.

Учениците го демонстрираа својот труд и креативни решенија кои произлегоа од работата во рамките на проектот.

Проектот „СТЕМ со холограми“ се реализираше во партнерство со училишта и организации од Шпанија, Бугарија и Северна Македонија, овозможувајќи размена на искуства, знаења и добри практики меѓу наставници и ученици од различни земји.

Со вакви активности се поттикнува љубопитноста кај младите, развојот на иновативни идеи и примената на нови технологии во наставата, кои придонесуваат за поквалитетно образование и поголема мотивација на учениците.

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio