Радио Кочани
Кочани

Европскиот шампион со златен медал по информатика на гости кај в.д. градоначалникот на Кочани

320

Во просториите на Општина Кочани, вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски утрово оствари прием на младиот информатички талент Владимир Грчев, кој неодамна освои златен медал на Европската олимпијада по информатика, што се одржа во Шумен, Бугарија.

Средбата беше знак на признание за неговиот извонреден успех, но и поттик за поддршка на младите таленти во областа на науката и технологијата.

 

Со вакви успеси, младите како Владимир Грчев се вистински амбасадори на знаењето и мотив за генерациите што доаѓаат.

Од локалната самоуправа на Кочани најавуваат и понатамошна поддршка за сите ученици кои покажуваат извонредни резултати на национално и меѓународно ниво.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio