Радио Кочани
Кочани

Грчеви – Срцето ни е полно – нашиот син е Европски шампион со ЗЛАТЕН МЕДАЛ по Информатика!!!

4,637
Срцето ни е полно – нашиот син е Европски шампион со ЗЛАТЕН МЕДАЛ по Информатика!
Нашиот син Владимир Грчев донесе златен медал од Европската информатичка олимпијада и ја направи Македонија горда пред цела Европа.
Зад ова злато стојат години труд, пожртвуваност и безброј часови посветеност. Но најважно – стои неговата љубов кон знаењето и неговата вера дека ништо не е невозможно.
Ние, како родители, сме преплавени од радост и гордост. Владимир не е само наше дете – тој е светлина и инспирација за сите млади што сонуваат големи соништа.
Сине, ти си нашето најголемо злато и нашата најголема гордост!
Пишува на фејсбук профилот на гордите родители Васил и Анита Грчеви…
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio