Радио Кочани
Кочани

Приведена мортус пијана Виничанка, управувала возило со 3.20 промили алкохол во крвта

5,754

На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio