Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во ООУ „Климент Охридски“- Облешево, во централното и во подрачните училишта се во тек финалните градежни активности со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.
Работите опфаќаат санација на кровови и фасади, реновирање на училници, поставување нови прозорци и врати, адаптација на санитарни јазли и уредување на спортски простории.
Целта е сите градежни зафати да завршат пред почетокот на учебната година, за на 1 Септември, учениците да го започнат образовниот процес во безбедна, здрава и современа средина. Училиштето ќе продолжи со инвестирање во подобрување на образовната инфраструктура.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне
