Радио Кочани
Кочани

Со литургија и заеднички ручек одбележана летната слава на манастирот „Св. Василиј“ на Пониква

652

Во манастирот „Св. Василиј“ на Пониква денеска се одржа црковно-народен собир по повод летната слава на манастирот.

Настанот собра голем број верници од Кочани и околните места, кои заедно ја споделија духовната радост.

Свечената литургија ја предводеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво.

Молитвеното богослужение започна во утринските часови, а по него беше приреден заеднички ручек за здравје и благослов на присутните.

Собирот уште еднаш ја потврди традицијата што секоја година го прави манастирот место на духовна зближување, молитва и дружење за православните верници од поширокиот регион.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio