Радио Кочани
Кочани

В среда и четврток се играат полуфиналните средби од Илинденските спортски игри во Општина Чешиново-Облешево

593

Фудабалските екипи  ,,Тркање”, ,,Облешево”, ,,Долни Подлог” и ,,Соколарци” се полуфиналисти на  турнирот во фудбал во рамки на Илиденски спортски игри во општина Чешиново-Облешево.

В среда со почеток од 18 часот ,,Тркање”  силите ќе ги одмерат со фудбалерите на  ,,Облешево”. Следниот ден, односно, в четврток во истиот термин е закажан дуелот на ,,Долни Подлог” и ,,Соколарци”.

Финалниот резултат и победничките екипи, како и најдобриот играч ќе бидат познати в сабота на најголемиот македонски празник 2 Август – Илинден.

Од организацискиот одбор упатија повик, сите кои се во можност да присуствуваат на финалето што е закажано за во 18 часот на фудбалското игралиште ,,Даме Груев” во Чешиново.

За 53. изадание на ИСИ, Локланата самоуправа на Чешиново-Облешево од сопствента сметка одвои 140 000 за фудбалерите кои ќе го освојат прво место, додека за  второпласиранта екипа обезбеди  70 000 денари.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio