Радио Кочани
Кочани

„Патот на Илинденците“ во Кочани во чест на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“

8,185

Центарот на Кочани денес доби поинаква атмосфера со дефилето на коњаници од Битола, организирано во рамки на традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“.

Настанот, зад кој стои Здружението за развој на рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“, оваа година доби и посебна симболика.

 

Во пресрет на одбележувањето на Илинден, дефилето беше посветено на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој неодамна ја потресе целкупната јавност.

 

Во 9 часот, коњаниците тргнаа од паркингот кај ресторанот „Але-Дар“, продолжувајќи по улицата „Димитар Влахов“ до кружниот тек во населбата Стришани. Од таму, колоната се движеше кон  улицата „Маршал Тито“, за да пристигне пред зградата на Општина Кочани, каде беше направена кратка пауза и со едно минутно молчење им беше оддадена почит на прерано починатите млади сограѓани.

 

Потоа, учесниците се упатија по „Кеј на Револуцијата“ до Полициската станица, а патувањето заврши на Градските гробишта, каде, исто така, беше оддадена почит на загинатите.

 

Околу десетина коњаници облечени во традиционална комитска облека го предводеа дефилето, а настанот траеше приближно еден и пол час, по што коњаниците се вратија на почетната локација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio