Радио Кочани
Кочани

Ѓорѓи од КПС „Осоговски Орел“ требаше денес да слави роденден – животот го загуби во несреќата во „Пулс“

2,501

Ѓорѓи, член на КПС „Осоговски Орел“, денеска требаше да го прослави својот роденеден. Но, тој животот го загуби на 16 март годинава во трагичната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“.

Ѓорѓи беше активен спортист и препознатлив член на клубот, познат по својата посветеност на планинарењето и спортскиот живот. Оттаму велат дека бил пример за младите и личност која секогаш покажувала иницијатива и ентузијазам.

Денес беше твој ден. Твој роденден. Во некое подобро време сигурно ќе го прославевме на некој врв. Ќе те споменуваме секој ден, беше човек од збор и голем другар на секого. Посетувај не понекогаш. Прати ни по некој знак, чувај не. А ние ќе те чуваме од заборав. Среќен роденден во вечноста НАШ Ѓорѓи. Никогаш заборавен и прежален, велат од КПС „Осоговски Орел“.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio