Радио Кочани
Кочани

Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

848

Пожарот што попладнево избувна во атарот на селото Нивичани е целосно изгаснат.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица, доброволното противпожарно друштво од Кочани и мештани, огнената стихија најпрво беше локализирана, а потоа и целосно ставена под контрола во вечерните часови.

Во пожарот е зафатена површина со сува трева и нискостеблеста шума, но спречено е негово ширење кон поширок простор. Интервенцијата заврши без повредени лица.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio