Радио Кочани
Кочани

Совет на Општина Чешиново-Облешево: Расправа па одлуки: Советот ја доврши седницата

769

Денеска се одржа 55. седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, откако претходната седница заврши со вербални расправии и неизгласани неколку клучни точки.

Овојпат, советниците успеаја да постигнат договор и да ги усвојат точките од дневниот ред.

Со 4 гласа „за“ и 3 „воздржани“, беше усвоена одлуката за доделување финансиски средства на Детската градинка „Ѕвездички“. Исто така, со 5 гласа „за“ и 2 „воздржани“, беше донесен ребалансот на буџетот на Општината.

На дневниот ред се најде и Годишниот план за вработување во Општина Чешиново-Облешево за наредната година. За оваа точка гласаа 4 советници „за“, а 3 беа „воздржани“, со што и таа беше усвоена.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio