Радио Кочани
Кочани

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

188

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 71,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 71,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,063 денари и еден килограм ќе чини 40,472 денари.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio