Радио Кочани
Кочани

Ин меморијам – Почина Гоше Китката, основоположник на каратето во Кочани

4,284

По кратко и тешко боледување во својата 76 – та година од животот вчера почина Ѓорѓи (Гоше) Китанов – Китка, еден од втемелувачите на каратето како спорт во Кочани.

Тој е професор по историја, но негова животна филозофија беше карате и боречките вештини…

Во раната младост се бавеше и со гимнастика, но спортот, кој кај нас дојде од Истокот, беше негова преокупација.

Првите тренизи ги направи во салата на ДТВ Партизан, „работеше“ и во малата сала во Гимназијата (сега музички кабинет), на просторот на сегашната „Гоцева шума“… Следбениците ги водеше на тренинзи и на вештачкото езеро „Градче“,  кое во младоста беше негова втора љубов…

Кога каратето влезе во комерцијални води се повлече од овој спорт и тренажните процеси.

Искрените познавачи на состојбите кај нас ја знаат вистинската вредност на Китанов како каратист, ентузијаст, спортски работник, вљубеник во боречките вештини…

Телото на Гоше Китанов ќе биде изложено во капелата во Кочани утре (15 јули)  од 9 до 11 часот.

Гоше, почивај во мир, вечна ти слава !

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio