Радио Кочани
Кочани

Виница на листата за трансформација: Неоперативните зони ќе се понудат на домашните инвеститори

199

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и во Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски.

Како што истакна Димовски, одговарајќи на новинарски прашања, во струшката технолошко-развојна зона моментно се оперативни две компании кои рабнотат активно и вработуваат сериозен број лица, но интенцијата на Владата е да се донесе уште некој инвеститор кој би отворил бизниси во тој регион.

Директорот информира и дека од 2025 година се работи на нова стратегија за привлекување странски инвестиции со важност 2027 – 2037 година, документ во кој ќе бидат опфатени сите аспекти и цели на државата во однос на ова прашање, вклучувајќи ја и диверзификацијата на инвестициите.

Согласно законот, се знае кои дејности може да бидат активни во зоните. Неоперативните зони, како Делчево, Берово, Виница и уште неколку, ќе се трансформираат во индустриски кои би ги ставиле во функција, зашто ТИРЗ-овите имаат одредена рамка на дејност и бизниси, а индустриските можат да имаат секаков вид дејности – и услуги и секаков вид производство. Ќе ги понудиме и на домашните компании за да го прошират своето производство. Овие зони се изградени одамна, пред 10 – 15 години и таа демографија од тогаш веќе не постои. Целта е како да ги ставиме во функција и да му помогнеме на домашниот бизнис да добие урбанизирано земјиште, со соодветна инфрастурктура, а со тоа да го зголеми локалниот економски развој и целиот развој во државата – напомена Димовски.

Во однос на стратегијата, тој потенцира дека постојната била заклучно со 2017 година и од тогаш до 2024 нема никаков документ.

Извор: Плусинфо.мк

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio