Радио Кочани
Кочани

Министерот Трипуновски оставари средба со земјоделците од општина Чешиново-Облешево

1,072
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со граѓаните од општина Чешиново Облешево каде што разговараваа за досегашните преземени мерки и активности, но и за оризот од реколтата 2025 година.
Радува фактот што сеидбата на ориз започна на време бидејќи се обезбеди доволно вода за наводнување на оризовите површини.
Изминатата година како интервентна мерка, предвидовме за оризопроизводителите од дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколтата 2024 година.
Во еден ден беа исплатени 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител – конкретна поддршка за земјоделците! 
За стоковни резерви се предвидува да се откупува домашен ориз, што претставува дополнителна гаранција за оризопроизводителите.
Нашата заложба е оризот да го извезуваме на меѓународните пазари.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio