Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва, 11 јули 2025 година, на теренот на СРЦ „Бавчалук“ ќе се играат полуфиналните натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал.
Во 18:30 ч. ќе играат екипите на Аледар и Денка транспорт, а во 19:30 ч. – Еклектик и Исток турс Цуфле.
Финалето ќе се игра вечерта на 12 јули.
Наградниот фонд за најуспешната екипа на турнирот изнесува 60.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 30.000 денари, а третопласираната 15.000 денари. Ќе бидат прогласени и најдобрите играч, стрелец и голман.
На 23. Петровденски турнир во мал фудбал учествуваат рекордни 16 екипи.
