Радио Кочани
Кочани

Започнува одбележувањето на Петровден

404

Со празничната вечерна богослужба во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани,  од денеска (11 јули 2025 г.) започнуваат содржините од годинашново одбележување на Петровден, Празникот на градот Кочани. Литургијата, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички Иларион, започнува во 17 ч.

По неа, во 18:15 ч. ќе има литија на релацијата од кочанскиот храм „Св. вмч. Георгиј“ до Градскиот парк, каде што ќе се крши славскиот колач.

Во 19 ч., во црковниот двор ќе се одржи Духовна академија на која ќе настапат машкиот византиски хор „Свети Нектариј Битолски“ и  Детскиот хор „Св. Стилијан“ од Битола.

Од 20 ч. во Градскиот парк во Кочани ќе настапат Владо Јаневски, Dj Acko, Марија Данева & #HASHTAG.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio