Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Од струен удар почина 40 годишен жител на Соколарци…
Денеска главна вест во населените места во Чешиново и Соколарци е загубата на млад човечки живот.
Радио Кочани неофицијално дознава дека станува збор за С.М. 40 годишен жител на селото Соколарци, a починал како последица од струен удар додека бил во посета на селските гробишта.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од страна на надлежните служби.
