Радио Кочани
Кочани

Голем интерес за приклучување кон Доброволното противпожарно друштво – Кочани, во ТППЕ со работа почнаа двајца нови пожарникари

530

Со значителен одзив од страна на граѓаните заврши повикот за прием на нови членови во Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.

На јавниот оглас, кој траеше до 30 јуни, се пријавија вкупно 23 кандидати, меѓу кои и пет жени, што ја потврдува се поголемата вклученост на жените во општествено одговорни и хумани активности.

Посебно охрабрува податокот дека меѓу пријавените има и млади лица, но и средовечни граѓани, што сведочи за широката поддршка на заедницата за мисијата и работата на ДПД Кочани.

Во претстојниот период, новите кандидати ќе поминат низ интензивен циклус на обуки и предавања, кои ќе опфатат и теоретска и практична подготовка, со цел стекнување на неопходните знаења и вештини за активно учество во противпожарните и спасувачки активности.

Инаку, во ТППЕ – Кочани од денеска со работа започнаа двајца нови пожарникари.

Едниот доаѓа на место на пожарникар кој замина во пензија, а со новото вработување бројот на вработени професионалци изнесува 17 лица, а потребниот број е 32.

Во рамки на надлежност на кочанската противпожарна служба се и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio