Радио Кочани
Кочани

Намерно бил подметнат пожарот на плацот во Кочани каде изгореа три автобуси и комбе

6,150

Пожарот во Кочани што се случи на почетокот на неделава кога на плац во близина на бензинска пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, бил намерно подметнат, велат од Јавното обвинителство.

Обвинителството отворило постапка, се прибираат материјали за да се утврди кривична одговорност за пожарот.

– Извршен е увид на лице место од страна на полициски екипи, прибрани се материјални докази. Од снимките од видеонадзорот се гледа дека пожарот бил намерно подметнат. Се преземаат мерки за идентификација на сторителот, се прават вештачење за да се утврди кривичната одговорност за подметнувањето на пожарот – велат од Обвинителството.

Големиот пожар избувна ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули околу 2.30 часот на плац веднаш до бензинската пумпа и целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, превозник од Кочани.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за среќа немаше повредени лица, иако пожарот се развил во непосредна близина на пумпата.

– Навремена интервенција ја спречи трагедијата – информираа од МВР. Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Жителите сведочеа дека се слушале пукање и експлозии и паника да не се прошири пожарот до бензинската пумпа.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio