Радио Кочани
Кочани

Средба на в.д градоначалникот Венко Крстевски и младиот талентиран ученик Владимир Грчев

355
В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со Владимир Грчев, талентираниот млад кочанчанец којшто има многубројни награди од редот на натпреварите по информатика и математика и како дел од Националниот тим по математика на ЈБМО овојпат го освои сребрениот медал. Владимир годинава по четврти пат е дел од тимовите по информатика за меѓународните олимпијади.
Во изминатиот период и во текот на основното образование Владимир има освоено повеќе признанија и медали како што се: два златни медали од Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика и од Македонската Олимпијада по математика, eден сребрен медал на Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика, два бронзени медали на Македонската (Јуниорска) Олимпијада по информатика и два бронзени медали на Европската и Балканската Олимпијада по информатика.
Има олимписки пофалници од Балканската Олимпијада по информатика за средношколци, Европската и Јуниорско Балканска, а уште како четвртоодделенец се натпреварувал и три пати досега е државен првак по информатика.
В.д. градоначалникот Крстевски на младиот талентиран Владимир му посака уште многу успеси и извонредни резултати, истакнувајќи дека неговите достигнувања се гордост за општината и државата. Во знак на признание за неговиот успех, в.д. градоначалникот му подари симболичен подарок и нагласи дека Владимир со своите достигнувања претставува вистински амбасадор на нашиот град, посакувајќи му и во иднина успешно да ја претставува општината и државата на највисоко ниво, на бројни меѓународни олимпијади.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio