Радио Кочани
Кочани

ОО СДСМ Кочани, тивко и достоинствено ја одржа изборната конференција

939
Членовите на ОО СДСМ Кочани вчера во МКЦ Кочани со почеток од 20ч. одржаа изборна општинска Конференција.
Со едноминутно молчење за трагично загинатите жртви во дискотеката “Пулс”, избор на работни тела и предлози за партиски органи се одржа општинската  конференцијата на која се избраа ИО и НО на ОО СДСМ Кочани.
Претседателот на ОО СДСМ Кочани, Игор Христов се заблагодари за укажата чест и доверба, а воедно и големата обврска да се раководи општинската организација. Но, сите  заедно, масовно, здружени и сплотени со нашиот социјалдемократски дух ќе се заложиме за надминување на тешкиот и трауматичен период за Кочани.
На изборната општинска конференција присуствуваше делегација од централното раководство со претседателот Венко Филипче. Во неговото обраќање искажа несебична поддршка, потенцирајќи дека не е  важен само социјалдемократскиот член туку секој поединец од Кочани и СДСМ во овој сензитивен период е со нас.

 

ОО СДСМ – Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio