Радио Кочани
Кочани

Заврши учебната година – Учениците на летен распуст

208

Денеска, 10 јуни, вторник официјално завршува учебната 2024-2025 година.

Основците последните денови во училиштата ги искористија за прошетки во природа.

Идните средношколци, пак организирано беа во посета на двете средни училишта во Кочани, да се запознаат со условите кои ги нудат училиштата и да изберат каде од есен ќе го продолжат своето образование.

Двете полугодија во кочанските основни и средни училишта  беа одбележани со многу активности, а учениците освојиа и многу награди, за кои Радио Кочани информираше во текот на учебната година.

Во летниот период персоналот во училиштата ќе има работни активности со цел подобрување на условите за наставниците и учениците.

Летниот одмор почнува денес, a завршува на 31 август.

Инаку, денeска матураните полагаат и вториот екстерен испит од Државната матура.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio