Радио Кочани
Кочани

Доне Донев во ЦК „Бели мугри“ хуманитарно по 50 – ти пат ќе ја одигра претставата за Ченто

423

Монодрамата „Да се убие себе во себе“ посветена на првиот претседател на Македонија, Методија Андоноб Ченто, професорот и креативец, Доне Донев,по 50 – ти пат, хуманитарно, ќе ја одигра в петок, 13 јуни во ЦК „Бели мугри“.

Доне Донев е просветен работник, поет, публицист, автор на драмски текстови, актер, режисер кој оставил неизбришливи траги за Кочани, градот во кој живее до денеска. 

Автор е на драмата Земјата на зографите (прикажана на РАДС 1982 за која е добиена награда за колекективна игра), на стихозбирката Босилек (издание на „ Студентски збор “ -1987) како и на пет монодрами

Последната Ченто” (како поднаслов „ Да се убие себе во себе “ – 2012) е  инспирирана од ликот на еден од најголемите синови на Македонија, првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio