Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани со осумдневен рок за отстранување на нелегалните доградби во ТЦ

3,306

Општина Кочани им постави осумдневен рок на сопствениците на пицерии лоцирани во Трговскиот центар да ги отстранат доградбите пред нивните локали.

Доколку тоа не се направи во предвидениот рок, ќе следува нивно присилно отстранување од страна на надлежните служби.

Комуналните инспектори веќе им доставиле соодветно известување, во кое јасно е нагласено дека структурата што е поставена без соодветна дозвола мора да се отстрани.

Иако постои можност за поднесување жалба, таа не го одложува спроведувањето на мерката.

Во рамки на овие активности, локалната власт веќе спроведе постапка за избор на фирма што ќе биде задолжена за уривање на нелегално поставени објекти.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio