Радио Кочани
Кочани

По девет години верност во „Осогово“, Тоше Манов не е веќе дел од тимот на жолто-сините

1,260

Фудбалерот на „Осогово“, Тоше Манов не е повеќе од тимот на жолто-сините, потврди Манов за Радио Кочани.

Тој е девет години, дел од тимот на жетварите при што одигра 238 натпревари и постигна 98 голови.

Во текот на вчерашниот ден, добив телефонски повик од кој бев известен дека веќе не сум дел од тимот на „Осогово“ за следната натпреварувачка сезона.  И тоа без никаква причина. Секоја сезона завршував како прв стрелец, а додека бев во тимот, постојано добивав понуди од други клубови, но ги одбивав и останав верен на „Осогово“.

Бев поим за верност спрема клубот и кога ни беше најтешко и ни ги намалуваа платите, а за возврат го добив ова, без разговор во четири очи, без ништо.

Изразувам огромна благодарност до сите симпатизери и навивачи кои верно ме поддржуваа и ми даваа сила да продолжам, изјави за Радио Кочани, Тоше Манов.

За донесената одлука очекуваме информации од Стручниот штаб на „Осогово“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio