Радио Кочани
Кочани

Крпење ударни дупки и оштетени асфалтни површини во Кочани

463

Деновиве градежна механизација работи на крпење на ударните дупки и на оштетените асфалтни површини на улиците во Кочани.

 Избраниот изведувач „Стоименов“ изврши поправки на оштетениот асфалт на улицата „Бел камен“, а наредниов период ќе се работи на идентификувани локации низ општината.

Од Секторот за уредување на градежното земјиште информираат дека за тековната година за крпење ударни дупки и оштетени асфалтни површини се наменети 2.638.000 денари од Буџетот на Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio