Радио Кочани
Кочани

Чисто, безбедно и уредно – акција за расчистување на кругот на Општа болница – Кочани

505

Во пресрет на 5 Јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, по иницијатива на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, се реализира акција за уредување на кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Акцијата ја спроведуваат екипи на Општина Кочани и КЈП „Водовод“, кои ја косат тревата, ги кастрат дрвјата, расчистуваат зашумени позиции и го собираат расфрланиот отпад.

Целта е да му го вратиме на Кочани приматот „најчист град“ и да овозможиме граѓаните од микрорегионот што ги користат услугите на оваа јавна установа, да се чувствуваат пријатно и безбедно. Исто така упатувам апел до Владата да одговори на потребите на пациентите на Општа болница – Кочани, којашто е изградена пред 40 години од самопридонес на месното население – повика в. д. градоначалникот на Кочани.

Крстевски ги повика граѓаните да не ја загадуваат животната средина и самите да придонесат за чиста и уредна околина.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio