Радио Кочани
Кочани

Ноќеска физички нападнат и ограбен 90-годишен кочанчанец во својот дом, нападнат и малолетник…

2,408

На 03.06.2025 околу 01.40 часот во СВР Штип, Ф.А.(90) од Кочани пријавил дека околу 01.20 часот едно лице со употреба на сила влегло во неговиот дом, физички го нападнало и му одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 13.15 часот во Полициската станица Кочани, К.В.(48) од Кочани пријавил дека на 01.06.2025 околу 17,00 часот пред продажен објект на ул.„П. А. Блаже“ во Кочани, Ј.Т. физички го нападнале неговиот малолетен внук. Се работи на расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio