Радио Кочани
Кочани

В.д. градоначалникот Крстевски: Чисто е кај „Гоцева шума“ и АСНОМ

742

На текстот во врска со создавањето мини депонија во близината на „Гоцевата шума“ што го објавивме пред педесетина минути, брзо реагираше в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

Не информираше дека малата депонија на посочената локација и контејнерот се расчистени и испразнети утринава.

„Контејнерот е празнет и расчистувано е кај ‘Гоцева шума’ и во петокот. Таму е работено и утринава за што говорат фотографиите што ви ги праќам. Исто така, и во петокот – минатата недела и денеска е  чистено и кај АСНОМ. Тоа се обврски што редовно се извршуваат“, нагласи Крстевски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio