Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Мини депонијата што се гледа на фотографиите испратени од граѓани на Кочани, се наоѓа во близината на рекреативниот локалитет „Гоцева шума“.
Ни пишуват: „Со денови стои вака. Откако е поставен контејнерот, луѓето ја покажуваат својата некултура, неодговорност и несовесно однесување. Ѓубрето од нивните домови го донесуваат овде, го расфлаат и создаваат депонија“.

Велат: „Никој не може да исчисти толку многу колку што несовесните и неодговорните можат да загадат !“
