Радио Кочани
Кочани

Отстранети недостатоците на објектот „Детелинка“ – в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски бара согласности за новите вработувања

651

Санирани се сите недостатоци на градбата и со потпис од официјалниот надзор, новиот објект „Детелинка“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ е подготвен да почне со работа.

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со допис ја извести министерката Гордана Димитриеска Кочоска, од која бара средба на која ќе разговараат за добивањето согласности за вработувања во 2025 година во новоизградениот објект на детската градинка во кочанската населба Драчевик.

Во писменото барање за утврдување термин за работна средба Крстевски ја објаснува итноста за профункционирање на објектот „Детелинка“ и потребата за згрижување на 120 деца од Кочани, а со тоа и можноста нивните родители да бидат работно ангажирани.

Крстевски информира дека во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади се планирани потребните средства за нови вработувања во новата градинка во Кочани, за што се чека на согласност и од Министерството за финансии.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio